За Нас Рекламирање Контакт
  Add Favotite
  
TE.com.mk
само по te.com.mk
по целиот MK web
Untitled Document
Форум Видео Фото Игри Инфо
Untitled Document
ТЕ мени
      Дома
      Занимливости
      Музика
      Спорт
      Технологии
      Филм
      Здравје
      Стил
      Наука и култура
ТЕ Услуги
      Софтвер
Временска прогноза
  Денес 4 - 10
  Утре 5 - 15
Курсна листа
04-09-10 НБМ Менувач.
 Евро €  60.9  61.5  61.3  61.5
 Долар $  39,2  39,6  40,0  40,5
 CHF  38.9  39,2  39.2  39,7
Виц на денот
  Учителката го прашува малиот Трпе: -Зошто пред и после операцијата хирурзите носат маски? -За да не ги препознаат разлутените пациенти!
  
Слика на денот
Heidi Montag
СМС пораки
  Велат дека кога врне дожд, душите на мртвите доаѓаат да ги видат оние кои најмногу ги сакале. Затоа кога јас нема да бидам таму кај што си ти дождот нема никогаш да престане.
  
   ЗанРцР С Р»РС†востРСвЂ
  Тука се плаќало со пари на Александар Македонски
Форма за печатење
Тука се плаќало со пари на Але    Бронзената монета на Александар Трети Македонски, најстарата досега откриена монета на Калето е само еден од епохалните наоди, кои прексиноќа беа презентирани на изложбата со артефактите ископани на Скопската тврдина. Неколку стотици граѓани, студенти од Факултетот за археологија, археолози, академици, политичари беа дел од првото запознавање со новото значајно културно наследство кое го добива Македонија. Сега на потег се нумизматичарите да протолкуваат што значи пронајдената бронзена монета со ликот на Александар Трети на Калето. Толкувањата на експертите вообичаено велат дека бронзените монети се оние кои се во масовен оптек во секојдневната трговија и се знак за тоа кој ја владее и управува територијата на која се пронајдени.

Изложбата ја отвори премиерот Никола Груевски, чија Влада, за прв пат го стави културното наследство во своите врвни приоритети.

- На овој рид покрај Вардар, континуитетот на живеење археолозите го мерат со бројка од 6.000 години. Ова богатство од културни слоеви ќе ни овозможи да го подигнеме културно историското и цивилизациско ниво на македонската државност, рече Груевски.

По седум месеци интензивни археолошки истражувања на Калето, тимот за истражување, конзервација и ревитализација на Скопската тврдина е презадоволен од ископаното.

-Во многу сегменти се надминати очекувањата. Оваа изложба има амбициии, тие резултати што е можно поцелосно да ги презентираа и пошироко афирмира, вели координаторот на проектот, проф.д-р Драги Митревски.

Најстарите остатоци од човекова активност на Калето се врзани за Бакарното доба, додека непрекинатиот и бурниот историски развиток како вистински градски центар или средновековно Скопје започнува некаде кон крајот на 10 век или во Самуилово време.

-Тогаш, под Самуил, Скопското Кале било заштитено со убаво ѕидани бедеми, кои целосно го оградуваат Горниот град, формирајќи, по многу нешта единствен фортификациски систем, граден според највисоките тогашни критериуми и градежни техники. Откриените бројни монети од 10. и 11. век, погребувања веднаш од внатрешната страна на јужниот бедем, боеви секири и стрели, керамика и други ситни наоди од истото време зборуваат дека Калето во тоа време функционирало најверојатно како голем воен кастрон. Крепоста била стратешки поставена во центарот на Самуиловата државата, објаснува Митревски. Изложбата во Музејот на град Скопје ќе биде отворена подолг период, а домашната и светска јавност допрва ќе расправа за наодите.

Наодите го демантираат Евлија Челеби -Во есента 1689 година австриска војска под Пиколомини го зазела Скопје. Во воениот извештај испратен до царот во Виена стои дека Скопската тврдината била полуразурната, слабо бранета со 12 запустени кули и слаб одбранбен ров (од исток). Доволни биле 400 коњаници за во еден јуриш да ја освојат тврдината. Овој извештај е сосема спротивен од познатиот опис што го оставил Евлија Челеби од истото тоа време. Археолошките наоди, откриени со истражувањата го потврдуваат извештајот на Пиколомини. Еден натпис што стои вѕидан во источниот бедем, датиран во 1700 година зборува за голема обнова на Калето. Со истражувањата заклучивме дека тоа и се случило, вели Митревски.

Вечер Објавено на 12-12-2007 во 11:58 часот
Наслови
 На Скупи интензивно се ископува
 Велики петок - најтежок христијански празник
 Постојат индиции дека тетовското Кале крие неолитски културен стратум
 ПОЧНУВА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ НА КНИГАТА
 Македонија библиска постојбина
 Симон Трпчески со концерти во Штип, Куманово и во Тетово
 Луѓето ќе живеат и до 800 години!
 Репликите на царските двери - уметничко дело
 Британија ќе ги отвори досиејата за НЛО
 Почнаа подготовките за спомен куќата на Тоше
 Хедер Милс пишува сексуален прирачник
 Со Калиопи во Новата 2008
 Тука се плаќало со пари на Александар Македонски
 Та Неа и Грците плачат
 Нема да се премолчат наодите од Скопското кале
 Јапонските научници направиле проѕирна жаба
 Човековиот живот може да се продолжи
 Постарите деца се поинтелигентни
 На Херкулес е планетата - џин
 Создаден првиот глушец – шизофреничар?!
 ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН ВО КОКИНО
 ДНК примероци откриле бујни шуми во минатото на јужен Гренланд
 Утврден најстариот фосил на кит
 Толкување на соништата од Зигмунд Фројд
 Љубовна напивка за несреќните бракови
Наслови од 09-2010
 
Забавно-информативен портал TE.com.mk
TE Анкета
  Секс на ПРВ состанок !?
 Не, во никој случај
 Хммм
 Да Да секако
 Зависи ...
Резултати од анкетата
Formula 1
Клипови
 У кафану ја чу почи !!!
 ПИВО и се е можно!
 Бог да Чува !!!
 Манијак !!!
 Ѓубраџија !!!
 ЈАКО !!!
 Сакам да бидам ...
 Автомобил против Снешко !
 Куче што ...а !
 Уметник !!!
LIVESCORE.in
Кино МИЛЕНИУМ
  Тековни активности:
  CASINO ROYAL
  Почеток од:
12, 15, 17:30, 20 и 22:30 часот
Трејлер
Добитници на гратис влезници

Untitled Document
Заштитено со сите права © 2006 TEStudio.com.mk